Поврзете се со нас

Свет

Дончиќ пред дуелот со Јокиќ: Многу го почитувам, ќе отидеме…

Објавено

на

Словенија и Србија се подготвуваа за настап на Европското првенство, а како дел од тие подготовки оваа вечер ќе одиграа пријателска средба во Љубљана од 20 часот и 15 минути.

Ова дефинитивно ќе биде интересна битка затоа што еден против друг ќе можеме да ги видиме Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, двајца асови кои веќе неколку години се меѓу најдобрите во НБА лигата.

Лука многу го почитува Јокиќ со кого најави дека ќе испие кафе пред вечерашниот натпревар.

-Секако дека сe радувам на натпреварот пред полни трибини. Србија е исклучително силна репрезентација, па ова ќе биде голем предизвик за нас. Колку е подобар ривалот на спротивната страна, толку е подобра подготовката за големото натпреварување. Со нетрпение го очекувам дуелот со Јокиќ. Тој е неверојатен играч. Го почитувам и како личност. Ќе одиме на кафе пред мечот.

-Србија секако е еден од кандидатите за медал. Но, има многу силни тимови. Литванија, Франција, Италија, Грција. Ќе биде интересно, -порача асот на Далас Маверикс.

Дончиќ директен: Одиме по златото во Германија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни