Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ покажа колку е моќен „еден на еден“, па доби техничка за мала провокација (ВИДЕО)

Објавено

на

Лука Дончиќ ја надмина повредата и по три пропуштени натпревари се врати во стартната петорка на Далас Маверикс, тим на кој му помогна да ја прекине негативната серија и да слави над Лос Анџелес Клиперс со 112-104.

Дончиќ се врати и Далас го сруши Клиперс, Лејкерс без Леброн падна во „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)

Ова беше дуел во кој Словенецот запиша 26 поени на кои придодаде 9 скокови, 9 асистенции, 2 блокади, 1 украдена, но и 6 загубени топки. Воедно ова беше пресметка која ја одбележа една ситуација, момент од првата четвртина кој стана вирален меѓу фановите.

Многупати доста легенди и фанови знаат да кажат дека денешната НБА е многу „мека“ и за тоа дефинитивно има факти, докази. Еден таков е и овој при кој Дончиќ беше казнет откако се обиде да испрати мала провокација (треш ток) кон Теренс Мен откако успешно го реши при ситуација еден на еден.

-Премногу си мал да ме чуваш, -му порача Дончиќ со мала пцовка по која судиите веднаш му доделија техничка трешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни