НБА
Дончиќ погоди тројка, па испрати убиствен поглед кон човекот кој го трејдуваше од Далас (Видео)

Лука Дончиќ со посебна страст и мотивација ја чекаше пресметката со Далас, особено после начинот на кој беше истретиран и избркан од својот доскорашен клуб.
Словенечката суперѕвезда беше трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс и не му беше оставен никаков избор од страна на поранешните работодавци, па како што можеше да се претпостави, Лука беше посебно „запален“ и инспириран на натпреварот кој се одигра рано утрово во Калифорнија.
Дончиќ испорача трипл-дабл во победата на Лејкерси од 107:99, но „војната“ со човекот кој го избрка од Далас ја почна уште за време на загревањето, а траеше и за време на мечот.
Лука најпрво правеше склекови пред очите на Ник Херисон додека во позадина одеше хит на Цеца за време на загревањето, но потоа беше во елемент и во раната фаза на мечот.
По една погодена тројка, Дончиќ се сврте кон клупата на Далас и испрати убиствен поглед до Херисон, што доволно говори дека Лука овој натпревар го сфати лично и направи се што е во негова моќ за да донесе победа за новиот тим.
LUKA DONCIC HITS THE THREE OVER 2 DEFENDERS AND STARES DOWN THE MAVS BENCH pic.twitter.com/RhwzYwmePD
— Lakers Empire (@LakersEmpire) February 26, 2025
This picture of Luka Doncic looking at Nico Harrison 🔥👀 pic.twitter.com/wixknhFokz
— Novo (@NovoHeat) February 26, 2025
LUKA DONCIC HATES THE MAVS BRO 😂#LakeShow pic.twitter.com/N4aCWJhkhB
— FADE (@FadeAwayMedia) February 26, 2025
Luka misses a half court shot pregame a d has to do pushups and finishes with a dunk. pic.twitter.com/r8F9cRQhvn
— Arash Markazi (@ArashMarkazi) February 26, 2025
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија23 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства6 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)