Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ погоди неверојатна тројка за победа, па почна да го пцуе најдобриот дефанзивец во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/dallasmavs

Минесота и Далас одиграа уште еден тесен меч во конференциското финале на Западот, но во тензичните и пресудни моменти, повторно подобро се снајдоа гостите кои сега имаат убава предност пред двата меча на домашен терен.

Маверикси поведоа со 0:2 благодарение на ново брутално издание на Лука Дончиќ, кој овојпат постигна и спектакуларна тројка за победа на три секунди пред крајот.

Словенечката ѕвезда имаше брилијантна партија и повторно беше лидер на својот тим, а истата на заокружи со извонреден потег преку најдобриот дефанзивец во НБА лигата.

Руди Гобер со своето однесување направи дополнително да го изнервира Лука, но тоа на крајот му се удри од глава и Словенецот му одговори со тројка и пцовки во лице.

– Ми должи мајко..ачу! Не можеш е..но да ме чуваш, – му порача Дончиќ на Гобер откако погоди тројка со 108:109.

Во раната фаза на мечот, Гобер намерно го удри Дончиќ во стомак, па очигледно е дека Лука го памтеше ова и на крајот го истури сиот бес по поените за победа.

Со клучната тројка, Дончиќ стигна до 32 поени на мечот, а притоа имаше и 10 скокови и 13 скокови за нов трипл-дабл. Кајри Ирвинг со 20 беше втор најдобар поентер во Далас, додека кај Минесота Рид беше најефикасен со 23, следен од Едвардс со 21.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни