Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ по историската партија: Би сакал Коби да беше тука…

Објавено

на

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ја одигра својата најдобра партија во кариерата и тоа во пресметката со Атланта Хокс која се одигра во Џорџија.

Словенецот „експлодираше“ и постигна неверојатни 73 поени, па историски гледано само двајца играчи далеку повеќе поени на меч во НБА лигата-тоа се Вилт Чембрлен и Коби Брајант.

-Целта беше победа. Во последно време се мачиме, размислувањето беше победа. Игравме одлично. Малку се мачевме во одбраната, но одигравме одлично во нападотм -рече Лука кој говореше и за Коби Брајант, легендарниот ас кој веќе четири години не е со нас.

-Беше многу посебно, сите го сакаме Коби. Тоа беше голема трагедија, не ми се верува дека поминаа веќе четири години. Посебно е тоа да се прави на тој ден. Очигледно, посакувам да беше тука, -истакна Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни