Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дончиќ откри зошто не шутираше во решавачкиот напад во пресметката со Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Словенија не успеа да дојде до завршниот меч и борбата за златото на Олимписките Игри во Токио, односно на нејзиниот пат се испречи селекцијата на Франција.

„Триколорите“ во еден супер возбудлив меч славеа со 90-89 и тоа откако во последниот напад Николас Батум стигна и го изблокира Клемен Препелиќ. Ова беше потегот кој се покажа како клучен и кој го реши победникот што дефинитивно му падна тешко на Лука Дончиќ.

Ѕвездата на Далас сакаше олимписко злато, меѓутоа ќе мора да почека друга прилика за тоа. Тој воедно се обиде да објасни, образложи зошто во последниот напад не ја презема одговноста и едноставно не проба да го реши дуелот како најдобар играч во својот тим.

-Шутот не ми одеше, па ги барав соиграчите. Препелиќ имаше отворен пат до обрачот, така што мислам дека додавањето беше добра одлука, а Батум брилијантно блокираше. Не можеш секогаш да ја донесеш најдобрата одлука, но јас им верувам на моите соиграчи исто колку и тие мене. Повторувам додавањето беше добра одлука, -објасни Лука.

Словенија ќе се бори за третото место и брозната против Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни