Дончиќ со нов рекорд ја доби битката со Лилард, шампионот го наполни кошот на Вашингтон (Видео)

Составот на Далас Маверикс ја прокнижи 27. сезонска победа во НБА лигата и тоа на домашен терен во пресметката со Портланд Трејл Блејзерс.

Клубот од Тексас славеше со 120-112, а главната улога повторно ја имаше Лука Дончиќ. Младиот Словенец го заврши натпреварот со 35 поени и реализираше дури 8 тројки (од 12 обиди) што е негов личен рекорд. Добра поддршка Лука имаше од Хардавеј Џуниор со 29 поени, додека за гостите залудни беа 34 поени и 10 асистенции на Лилард.

Шампионот Торонто Репторс беше супер расположен и во битката со Вашингтон Визардс реализираше дури 140 поени (140-111). Дури седум играчи кај „рептилите“ беа двоцифрени, први имиња беа резервистите Пауел со 28 и Дејвис со 23 кошеви.

На спротивната страна најрасположен за игра беше Браун Џуниор со 22 поени и 8 скокови.

Резултати:

Индијана – Минесота 116:114
Филаделфија – Чикаго 100:89
Торонто – Вашингтон 140:111
Мемфис – Кливленд 113:109
Оклахома – Мајами 108:115
Сан Антонио – Атланта 120:121
Далас – Портланд 120:112

Facebook Коментари