Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ незадоволен од судиите: На ваков начин да добијам…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ мораше предвреме да го заврши мечот со Бостон Селтикс (106:99) и тоа во моментите кога се кршеше резултатот, а причината за тоа беа шесте направени лични грешки.

Бостон го издржа завршниот налет на Далас и дојде на чекор од 18. титула во НБА лигата (ВИДЕО)

Словенецoт за првпат во кариерата кога е во прашање плејофот во НБА лигата беше недостапен, исклучен поради шест прекршоци што секако кај него донесе незадоволство и нервоза.

-Не ни дозволија да бидеме физички. Не сакам да зборувам премногу за судењето, но кога ќе добијам шест вакви фаули во финале, тешко е да не коментирам. Судиите мора да бидат подобри отколку што беа досега.

-Успеавме да најдеме ритам во последниот дел, но на крајот тие го зададоа последниот удар. Сепак, позитивно за нас е што успеавме да се вратиме во мечот по голема негатива. Нема да престанеме да веруваме додека не заврши, -рече Дончиќ и додаде:

-Се трудам да играм што е можно подобро и ќе мора да играм подобро. Имавме добра шанса да се вратиме и бевме блиску. На крајот не успеавме. Посакував да бев присутен во завршницата, -порача ѕвездата на Маверикс.

Далас сега губи со 3-0 и ќе му биде потребно чудо да дојде до трофејот, поточно да направи пресврт кој досега го нема направено ниту една екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни