Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ незадоволен: Бев себичен, морам да… (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Лука Дончиќ запиша трипл-дабл и со тоа го мина легендарниот Мајкл Џордан во оваа категорија, но овој негов учинок не беше доволен за неговиот Далас Маверикс да забележи поволен резултат во битката со Чикаго Булс.

Словенецот беше разочаран поради поразот и се искритикува себеси поради слабата игра во второто полувреме.

Играв очајно во второто полувреме. Бев себичен, бидејќи во првиот дел постигнав 30 поени. Тоа не бев јас. Шутирав и кога не требаше. Морам да бидам подобар, да најдам начин да бидам подобар, -порача Лука по средбата во која реализираше 36 поени, 16 скокови и 15 асистенции.

Резултати:

Бостон – Њујорк 75:105
Далас – Чикаго 101:117
Денвер – Јута 105:109
Сакраменто – Њу Орлеанс 123:128
ЛА Клиперс – Индијана 129:96

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни