НБА
Дончиќ не успеа да го спречи пресвртот на Феникс, Индијана го изненади Голден Стејт

Лука Дончиќ реализираше 28 поени за Далас Маверикс, но неговиот тим загуби од и сезонава одличниот Феникс (101:109).
Домаќините имаа предност од 12 поени во второто полувреме, но Феникс успеа да направи пресврт и на крајот да слави на гостувањето, со што ја задржува лидерската позиција во западната конференција.
Букер со 28 и Пол со 20 поени биле најефикасни во гостинскиот тим и најзаслужни за новата победа на „сонцата“.
Голден Стејт не успеа да ја оправда фаворитската улога против Индијана, па не само што гостите извлекоа продолжение, туку на крајот и победија со 117:121.
Кари со 39 поени бил најдобар реализатор во редовите на „воините“, додека Дуарте со 27 поени се истакнал во составот на Индијана.
На третиот одигран натпревар, Њу Орлеанс го победи Њујорк како гостин со 91:102.
-
Шпанијапред 24 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 24 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја