НБА
Дончиќ не тренирал со соиграчите, ќе го пропушти дуелот со Клиперс
Далас ги продолжува настапите во НБА лигата на домашен терен, а прв противник по кратката пауза ќе биде сезонава солидниот тим на Лос Анџелес Клиперс.
Домашните фанови добија разочарувачка вест, која вели дека овој натпревар ќе го пропушти првата ѕвезда Лука Дончиќ, а причина е повреда на скочниот зглоб на левата нога.
Словенецот поради овој проблем не тренирал последните два дена и сега ќе го пропушти соочувањето со Клиперс, а Кајри Ирвинг веројатно ќе биде подготвен за настап иако деновиве и тој се жалел на повреда.
Далас претходно мораше да игра подолг период без Дончиќ и на тие натпревари имаше ефект 5-1, а новата пауза за Лука доаѓа по феноменалниот настап против Голден Стејт, на кој реализираше трипл-дабл со 45 постигнати поени.
Далас во моментов има ефект 17-9, додека Клиперс котираат послабо на табелата со 15 победи и 12 порази.
-
Италија23 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија23 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија12 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!