Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд

Објавено

на

Лука Дончиќ одигра уште една квалитетна партија во НБА лигата и беше лидер во победата на Далас Маверикс против Бруклин Нетс.

Репрезентативецот на Словенија беше автор на 27 поени, 7 асистенции и 6 скокови и со тоа му ја отвори вратата на Маверикс за 16 сезонско славе со што клубот од Тексас дојде до 50 процентен учинок во НБА лигата.

Младата ѕвезда која денеска го слави 22 роденден во изминатиов период беше споредуван со легендарниот Лери Бирд, но Дончиќ смета дека во моментов е далеку од иконата на Бостон Селтикс.

-Премногу е рано за такви споредби. Сум видел многу видеа со него и сум гледал како игра, но не можете да ме споредувате со Лери Бирд. Работите што ги направи ќе траат уште долго, ми требаат уште многу, многу натпревари за да можам да се споредувам со него. Само сакам да продолжам да играм и да се забавувам играјќи кошарка, -порача Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни