Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ му продаде кошаркарски тунел на Леброн и стана хит во Америка (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ го доби дуелот со Леброн Џејмс и го водеше својот Далас до победа во „Крипто арената“ со 101:104, а покрај сите извонредни потези кои ги имаше, еден се издвојува по атрактивноста и противникот кој го имаше пред себе.

Словенечката ѕвезда го насамари „кралот Џејмс“ за сите пари и му продаде кошаркарски тунел, односно му ја протна топката под нозете и асистираше до свој соиграч.

Ваквите потези најчесто се карактериситчни за фудбалските терени, но Дончиќ знае повремено да ги примени и во кошарката, нешто што на своја кожа го почувствува и најобриот поентер во историјата на НБА лигата.

Леброн не очекуваше ваков потег од Словенецот и остана збунет од целата ситуација, а акцијата доби на тежина бидејќи истата заврши и со тројка.

Далас со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата, па на тој начин ја прекината позитивната серија на Лејкерс која траеше три меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни