Дончиќ и компанија успеаа да ја добијат битката со Лилард, трипл-дабл на Леброн за славје на Лејкерс (Видео)

lilard-doncic

Екипата на Далас Маверикс славеше над Портланд Трејл Блејзерс, додека пак Лос Анџелес Лејкерс беше подобар од Бруклин Нетс во двата најинтересни натпревари во НБА лигата.

Лилард имаше уште една страшна партија и реализираше 47 со што стана првиот играч во историјата на Портланд кој постигнал 100 поени на два натпревари, ама ова не беше доволно и Далас се радуваше во „Мода Центарот“ со 133-125. Клубот од Текас уфрли 22 тројки, цела стартна петорка плус Клебер беа двоцифрени со тоа што одново најегикасен беше Дончиќ со 27 кошеви на кои додаде 6 скокови и 9 асистенции.

ЛА Лејкерс пак на гостинските терен оставри победа над Бруклин од 128-113, а главниот збор го имаше Леброн Џејмс со трипл-дабл од 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции

„Езерџиите“ со учинок 36-9 се на првото место во западната конференција.

Во последниот дуел Вашингтон му нанесе пораз на Кливледн на негов терен од 12 разлика (124-112).

Facebook Коментари