Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ ќе има нов тренер: Карлајл потврди дека го напушта Далас

Објавено

на

Лука Дончиќ ќе соработува со нов тренер од следната сезона, затоа што Рик Карлајл си дал оставка на тренерската позиција во Далас Маверикс.

„ЕСПН“ пренесува дека Карлајл денеска го информирал сопственикот на клубот, Марк Кјубан, дека се повлекува од позицијата по цели 13 години.

– По неколку разговори со Кјубан изминатиов период, денеска го информирав дека нема да бидам тренер на Далас следната сезона. Тоа целосно е моја одлука, – изјавил Карлајл за „ЕСПН“.

Карлајл оваа сезона не успеа да го одведе Далас подалеку од првата рунда во плејофот, а негов најголем успех е шампионската титула во 2011 година.

Претходно, по цели 24 години клубот го напушти и генералниот менаџер Дони Нелсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни