Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ: Јас сум виновен за поразот, клучни беа…

Објавено

на

Фото:twitter.com/dallasmavs

Далас Маверикс доживеа уште еден пораз од Бостон Селтикс и веќе губи со 2-0 во финалната серија во НБА лигата.

Повредениот Дончиќ „испорача“ трипл-дабл, Бостон го одбрани „Ти-Ди Гарден“ (ВИДЕО)

Клубот од Тексас беше далеку подобар, покомпетитивен ривал на второто соочување во „Ти-Ди Гарден“, ама сетоа тоа е залудно затоа што домаќинот пронајде соодветни решенија кои му овозможија да дојде до посакуваната цел и со сигурна предност да ги дочека престојните две средби кои се играат во „Американ Ерлајнс Центарот“ во Далас.

-Поради моите загубени топки и промашени слободни фрлања го загубивме натпреварот (8 загубени топки, 4/8 од пенал линијата). Значи, морам да бидам многу подобар во тие две категории. Ама на крајот на денот, мораме да погодиме шутеви за да го добиеме натпреварот, -истакна Лука Дончиќ кој им се приклучи на Леброн Џејмс, Чарлс Баркли и Џери Вест како единствени играчи кои испорачале трипл-дабл, а загубиле натпревар во финалето.

Кајри Ирвинг пак му порача на Словенецот дека не е сам, односно да не го вперува прстон за поразот кон себе.

-Тој не е сам, ние тоа ќе му го кажеме. Тој се прелева во своите емоции, се чувствува дека може да игра подобро, исто како мене. Јас би го презел најголемиот дел од одговорноста. Првите два натпревари не беа најдобри за мене, -рече плејмејкерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни