Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ ја презема одговорноста за поразот, Ирвинг му порача: Знаев дека ова ќе го каже, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Далас Маверикс не успеа да ја затвори финалната серија со Минесота Тимбервулвс на Западот, поточно не ја искористи првата меч топка и тоа пред своите гледачи во Тексас.

Дончиќ „испорача“ нов трипл-дабл, ама Минесота не дозволи „метла“ во финалето на Западот (ВИДЕО)

„Волците“ славеа со 105:100 и се изборија за најмалку уште еден натпревар во оваа битка во која сега резултатот е 3-1. На Маверикс не му беше доволен ниту новиот трипл-дабл учинок на Лука Дончиќ кој без разлика на тој учинок како лидер ја презема одговорноста за негативниот резултат.

-Јас сум виновен за поразот. Едноставно не дадов доволно енергија. Победија еден натпревар. Наше е да се фокусираме на наредниот, -истакна Дончиќ.

Кајри Ирвинг кој не беше на посакуваното ниво имаше што да каже за зборовите на колегата.

-Лука не е сам во ова. Очекував да каже такво нешто, особено затоа што знам колку се грижи и сака да победува, да ја води оваа група. Не очекував ништо помалку. Мислам дека ме слушнавте, и јас велам и дека сум виновен за поразот. Тоа треба да го слушнете од лидерот на вашиот тим, -истакна плејмејкерот.

Сега серијата се сели во Минеаполис што треба да биде нов предизвик за избраниците на Кид со тоа што треба да се потсети дека тие веќе добија два натпревари на тој терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни