Дончиќ израмни рекорд на Џордан, Далас го понижи Њу Орлеанс (Видео)

luka

Екипата на Далас Маверикс со поигра со Њу Орлеанс Пеликанс со 130-84 во првиот натпревар од вечерашната програма во НБА лигата.

Клубот од Тексас беше доминантен, ги доби во своја полза сите четири периоди за 16 сезонско славје или поточно петта победа во низа. Со оглед на резултатот голем број на играчи добија шанса, но одново се издвои Лука Дончиќ кој реализираше 26 поени со 6 скокови, 9 асистенции и 1 украдена топка.

Со ова младиот Словенец израмни рекорд на славниот Мајкл Џордан, односно во 18 меч во низа дојде до бројката од 20-5-5, односно поени, скокови и асистенции.

Оскар Робертсон е број еден во оваа категорија со 29 натпревари со ваков учинок во серија, меѓутоа како игра Лука ништо нема да биде чудно ако падне и тој рекорд.

Кај „пеликаните“ прво име беше Редик со 15 уфрлени кошеви.

Facebook Коментари