Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ „испорача“ нов трипл-дабл, ама Минесота не дозволи „метла“ во финалето на Западот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс ја забележаа првата победа во пресметките со Далас Маверикс во финалето на западната конференција во НБА лигата.

„Волците“ ги загубија претходните три драматични средби, но сега не дозволија такво сценарио, односно „метла“ и се изборија за најмалку уште еден меч во серијата во која сега резултатот е 3-1.

Гостите славеа во Тексас со 105:100 во дуел во кој се беше решено во вторите 24 минута. Имено на полувреме беше изедначено 49:49 за да во третиот период Минесота се стекне со предност од пет поени разлика, позитива која се покажа како пресудна за славје во „Американ Ерлајнс Центарот“.

Едвардс беше во прв план со 29 поени, 10 скока и 9 асистенции, Таунс се разбуди и реализираше 25 кошеви, а двоцифрени беа и останатите членови од старната петорка.

Дончиќ на спротивната страна нема соодветна поддршка, па залуден беше неговиот нов трипл-дабл од 28 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Сега средбата се сели во Минеаполис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни