Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ испиша НБА историја во победата на Далас, Бостон го прекина постот против Феникс (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ постигна престижен рекорд во НБА лигата, предводејќи го Далас до победа на гостувањето кај Детроит.

Словенецот стана првиот кошаркар во историјата со шест трипл-дабл ефекти по ред во кој постигнал барем 30 поени и запиша предизвик кој ќе треба да го бркаат наредните генерации во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Утринава, Дончиќ реализирал 39 поени во комбинација со 10 скокови и 10 асистенции, Ирвинг стигнал до 21 поен, додека во редовите на Детроит, Канингем постигнал 33 поени.

Бостон го доби Феникс на гостински терен во еден од најинтересните мечеви утринава, со што Селтикс ја прекинаа серијата од два пораза по ред. Кевин Дурент попусто реализирал 45 поени за екипата која не успеа да му нанесе пораз на најдобриот тим сезонава, а Тејтум и Браун ги предводеле гостите со 29, односно 27 поени.

Шарлот – Бруклин 110:99
Детроит – Далас 124:142
Голден Стејт – Сан Антонио 113:126
Фeникс – Бостон 107:117
Денвер – Јута 142:121
Портланд-Торонто 128:118 (п)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни