НБА
Дончиќ и Јокиќ лидери во победите на нивните екипи, Детроит ги изненади и „езерџиите“ (ВИДЕО)
Балканските ѕвезди Лука Дончиќ и Никола Јокиќ беа предводници на нивните екипи Далас Маверикс и Денвер Нагетс во победите над Портланд Трејл Блејзерс, односно Феникс Санс во НБА лигата.
Дончиќ се врати на терените по кратката пауза и испорача 27 поени, 7 скока и 7 асистенции во славјето на Далас над Блејзерс од 132:108. На домаќините им беа потребни две силни четвртини за да дојдат до 19 сезонски триумф, а во исто време на противникот да му го нанесат 20 пораз.
Во дербито на Западот, Денвер му одржа лекција на Феникс со 117:90. Избраниците на Мелоун имаа неверојатен трет период во кој реализираа 45 поени и отидоа на плус 21, позитива која потоа рутински ја сочуваа.
Јокиќ беше најрасположен за играч со 32 уфрлени поени и 7 асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс пак не ја оправда улогата на фаворит и загуби пред своите гледачи од Детроит Пистонс со 117:114. Пистонс во претходниот натпревар го добија и Феникс на гостински терен што значи дека за краток временски период реши две големи екипи од западната конференција.
Шестмина играчи беа двоцифрени, лидер беше Бизли со 21 поен. Залуден кај „езерџиите“ беше дабл-дабл учинокот на Џејмс (28 поени и 11 асистенции).
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Хјустон 101:114
Филаделфија – Сан Антонио 111:106
Орландо – Бостон 108:104
Kливленд – Јута 124:113
Атланта – Минесота 117:104
Мајами – Бруклин 110:95
Њујорк – Торонто 139:125
Мемфис – ЛА Kлиперс 110:114
Оклахома – Вашингтон 123:105
Чикаго – Милвоки 91:112
Далас – Портланд 132:108
Денвер – Финикс 117:90
Голден стејт – Индијана 105:111
ЛА Лејкерс – Детроит 114:117
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија16 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Репрезентација5 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Евролига15 часа
Ѕвезда на Партизан бираше најубав европски град, фановите шокирани од одговорот (Видео)