Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Јокиќ блескаа, Батлер го урна рекордот на Леброн (ВИДЕО)

Објавено

на

Балканските ѕвезди Лука Дончиќ и Никола Јокиќ блескаа на натпреварите кои рано утрово се одиграа во НБА лигата, а што е најважно нивните клубови Далас Маверикс и Денвер Нагетс забележаа победи.

Дончиќ со 37 поени, 11 скокови и 9 асистенции го предводеше Далас со славје над Мемфис Гризлис од 104-91. Ова за клубот од Тексас беше трет триумф против „мечките“ во четвртиот сезонски натпревар што дефинитивно е доказ дека им лежи екипата која ја предводи Морант.

Токму Џа со 35 кошеви беше расположен за игра кај гостите, ама тој немаше соодветна поддршка за да може тимот да се израдува на позитивен резултат.

Денвер го доби Детроит со 117-111 во дуел во кој во центарот на внимането беше минатогодошниот МВП Јокиќ со 34 поени, 9 скока и 8 асистенции. Со ова Нагетс само продолжи да игра топло-ладно, да игра во ритамот победа-пораз, па останува да видиме дали ќе остане така и ќе ја загуби пресметката со истиот овој ривал закажана за 26 декември.

Мајами Хит беше подобар од ЛА Лејкерс со 113-107. „Жешките“ одлично ги одиграа првите три четвртини по кои водеа со 19 разлика (89-70), предност која гостите ја сведоа на едноцифрена во завршните 12 минути, но немаа сила за целосен пресврт.

Робинсон со 25 коша беше прв стрелец кај Мајами тим за кој Батлер имаше 20 поени, 10 скокови и 12 асистенции со што дојде до десеттиот трипл-дабл во оваа средина и на тој начин го мина Леброн Џејмс.

„Кралот“ кој сега е дел од „езерџиите“ даде 33 кошеви со 11 скокови.

Резултати:

Репторс – Трејл Блејзерс 105:114
Хит – Лејкерс 113:107
Меџик – Булс 114:95
Хорнетс – Хокс 91:113
Спарс – Сиксерс 109:115
Маверикс – Гризлис 104:91
Нагетс – Пистонс 117:111
Тимбервулфс – Нетс 136:125
Вориорс – Џез 94:92

Њујорк-Клиперс 110-102

Вашингтон-Бостон 87-116

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни