Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Ирвинг ги скротија ,,волците”, Далас ја отвори серијата со брејк

Објавено

на

Далас успешно одговори на неколку мини серии на Минесота, а одигра подобро во завршницата за важна гостинска победа и предност во финалето на западната конференција.

Избраниците на Џејсон Кид ја отворија серијата со триумф 105:108, правејќи брејк на теренот на ,,волците”, кои ќе бидат домаќини и на втората средба во серијата.

Кајри Ирвинг одигра одлично прво полувреме (24 од вкупно 30 поени), Лука Дончиќ ги постигна клучните поени во последниот период (15 од 33 поени во последниот период), па најголемите ѕвезди на Далас со вкупно 63 поени и добра распределба на реализациите се најзаслужни за позитивниот резултат.

Солиден придонес кај Маверикс имаа и Вашингтон со 13, Гафорд со 10 и Лајвли со 9 поени.

На спротивната страна, најдобар реализатор беше МекДениелс со 24 поени, додека Ентони Едвардс го заврши дуелот со за него скромни 19 поени, од кои ниту еден не беше уфрлен во третиот период.

Вториот натпревар во серијата се игра во петок наутро.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни