Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Далас ја прекинаа победничката серија на Бруклин, нов трипл-дабл на Јокиќ во убедливиот триумф на Денвер (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Далас Маверикс предводен од Лука Дончиќ ја прекина победничката серија од осум натпревари на Бруклин Нетс.

Клубот од Тексас се избори за славје од 115-98 и со тоа дојде до 50 процентен учинок по 32 натпревари во најсилната лига на светот. Маверикс имаа предност по првиот дел од 68-64, предност која ја зголемија во преостанатите 24 минути.

Дончиќ беше автор на 27 поени, 6 скокови и 7 асистенции, повратникот Порзингис застана на 18 кошеви. Кај поразените далеку пред сите беше плејмејкерот Харден со 29 поени.

Денвер Нагетс лесно го реши гостувањето кај Оклахома Сити Тандер (126-96), меч во кој Јокиќ имаше нов трипл-дабл од 19 поени, 11 скокови и 13 асистенции. Освен Србинот двоцифрени беа и неговите соиграчи од стартната петорка и тоа Мареј даде 26, Портер Џуниор 20, Бартон 15 и Морис 13 поени.

Резултати:
Филаделфија – Кливленд 109:112
Вашингтон – Минесота 128:112
Њујорк – Индијана 110:107
Оклахома – Денвер 96:126
Орландо – Јута 109:124
Сан Антонио – Њу Орлеанс 117:114
Бруклин – Далас 98:115
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни