Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Далас го посрамотија Шарлот и поставија НБА рекорд

Објавено

на

Далас Маверикс утринава му гостуваше на Шарлот во претсезонски НБА натпревар, а гостите му нанесоа толку убедлив пораз на клубот на Мајкл Џордан, што истиот си обезбеди нов антирекорд.

Лука Дончиќ и неговите соиграчи победија со 127:59 како гости, што е најголема постигната разлика на натпревар од оваа подготвителна фаза и израмнување на рекордот за најубедлива победа во НБА лигата воопшто.

Џејсон Кид дури имаше можност да им даде шанса на сите кошаркари, одмарајќи го Дончиќ по направената голема позитива, па Словенецот го завршил дуелот со 10 поени и 8 асистенции.

Најефикасни кај Далас биле Хардавеј со 20 и Порзингис со 17 поени.

Шарлот имал катастрофална реализација, а единствен кошаркар со двоцифрен учинок бил Бунајт со 12 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни