НБА
Дончиќ го реши Феникс, па порача: Кога се забавувам играм најдобро (ВИДЕО)

Далас Маверикс направи изненадување и го уништи Феникс Санс со 123-90 во полуфиналната мајсторка во западната конференција.
Клубот од Тексас лесно ги загуби трите претходни мечеви на гостински терен во оваа серија, па многумина му предвидуваа нов пораз и елиминација, но избраниците на Џејсон Кид покажаа знаење, карактер и со фантастична игра му пресудија на тимот кој според многумина беше прв фаворит за пехарот во актуелнава сезона.
Во прв план беше Лука Дончиќ со 35 поени, 10 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки. Тој даде 27 поени во првиот дел што е најмногу во историјата кога се во прашање мајсторките. Воедно Лука стана првиот играч кој уфрли исто толку поени во едно полувреме како цела противничка екипа што е неверојатен податок, потврда за неговата големина.
-Пресреќен сум, ништо не може да ја тргне насмевката од моето лице. Секако дека бев свесен, -истакна Лука одговарајќи на прашањето дали знаел дека на полувреме имал исто толку кошеви колку целиот тим на Феникс.
-Освен првите два натпревари во Финкс, цела серија ја одигравме со полна сила. Сепак, дојдовме овде да покажеме што можеме да направиме. Соблекувалната веруваше, сите веруваа и јас сум многу среќен, се забавувам. Секогаш велам, кога се забавувам играм најдобро. Не бев само јас добар, целиот тим одигра одлично. Не се сеќавам кога на гостувањето сме одиграле толку добро. Нашата одбрана беше извонредна, додаде Словенецот.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 24 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Италијапред 23 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот