Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ го одигра најдобриот натпревар, Лејкерс ја прекина црната серија против Денвер (ВИДЕО)

Објавено

на

Лука Дончиќ конечно заигра на посакуваното ниво и го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа над Денвер Нагетс (123:100) во дербито во НБА лигата.

Дончиќ го одигра најдобриот меч како „езерџија“ и на тој начин му помогна на својот клуб да ја прекине црната серија (девет меча без победа) во дуелите со составот од Колорадо.

Ова за Лејкерс беше прв триумф на теренот на Денвер (регуларен дел од првенството) уште од 10 април 2022 година, а Лука во истиот испорача дабл-дабл од 32 поени, 10 скока, плус имаше 7 асистенции, 4 украдени топки и 1 блокада.

Одлични од стартната петорка беа и Џејмс со 25 поени, Ривс со 23 и Хачимура кој застана на 21 поен. Гордон кај домаќините беше прв стрелец со 24 кошеви, а Јокиќ беше спуштен на само 12 кошеви иако забележа трипл дабл (13 скока и 10 асистенции).

Бруклин Нетс пак и нанесе уште еден болен пораз на Филаделфија и тоа со звукот на сирената. Клекстон реализираше на време за конечни 105:103 и 21 славје во сезоната.

Џонсон со 23 кошеви беше предводник кај Нетс, залудни пак беа 31 поен на Макси на спротивната страна.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Бруклин 103:105
Денвер – Лејкерси 100:123
Јута – Хјустон 124:115
Портланд – Шарлот 141:88
Чикаго-Феникс 117:121

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни