Дончиќ го мина Џордан на вечната листа, но во последниот напад беше жртва на голема неправда (Видео)

luka-jordan

Лука Дончиќ ќе го памети натпреварот против Сакраменто по тоа што го мина легендарниот Мајк Џордан на вечната листа, но и по тоа што беше жртва на една голема неправда од судиите во последниот напад.

Далас успеа да се врати од неверојатни минус 24 и дојде до напад за израмнување, а сосема очекувано, одговорноста ја презема храбриот Словенец. Дончиќ се одлучи за влез во рекетот, но неговиот обид беше неуспешен откако беше евидентно фаулиран од противникот. Сепак, судиите на мечот не размислуваа така, а со тоа го налутија Дончиќ кој мораше разочаран да го заврши мечот во кој тој и неговите соиграчи вложија огромен труд во последната четвртина.

На крајот, мечот заврши со 106:110, додека Дончиќ на 19-ти натпрервар по ред стигна до биланс од најмалку 20 поени, 5 асистенции и 5 скокови, со што го мина Џордан кого го израмни на претходниот меч. Инаку, Лука синоќешниот меч го заврши со 27 поени, 8 асистенции и 7 скокови.

НБА резултати:
Бруклин – Денвер 105:102
Шарлот – Атланта 107:122
Мајами – Чикаго 110:105
Филаделфија – Торонто 110:104
Вашингтон – ЛА Клиперс 119:135
Далас – Сакраменто 106:110
Портланд – Оклахома 96:108
ЛА Лејкерс – Минесота 142:125

Facebook Коментари