Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ го доби дуелот со Леброн, нервозниот Јокиќ повторно беше на раб од исклучување (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Богатата НБА програмата донесе дури 14 натпревари и кошарка се играше на сите страни во Америка, но поради атрактивноста на натпреварите, најмногу фокус се стави на пресметките во Орландо и Лос Анџелес.

Актуелниот шампион Денвер влезе во првата резултатска криза како бранител на титулата и забележа нов пораз, четврти на последните шест натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот.

Нагетси овојпат загуби на гостувањето во Орландо во тесен меч со 124:119, а овојпат не беше доволен ниту трипл-дабл учинокот на Никола Јокиќ кој повторно беше доста нервозен на крајот и влезе во клинч со Џејлен Сагс.

Србинот го заврши мечот со 30 поени, 13 скокови и 12 асистенции, но тоа не беше доволно за неговиот Денвер кој сега падна на третото место на табелата.

НБА возбудувањата ова утро завршија со спектаклот во „Крипто арената“, каде Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа подобри од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Словенецот ја доби битката со „кралот Џејмс“ и беше најдобар поединец на паркетот со 30 поени, 12 скокови и 8 асистенции, учинок кој беше клучен за триумф на Маверикси со 101:104.

Леброн го заврши мечот со 26 поени, Ирвинг запиша 28, додека Ентони Дејвис само 10.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни