Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ го доби дуелот со Јокиќ, Мичел ги потопи Лејкерс (Видео)

Објавено

на

Далас оствари победа на гостувањето кај Денвер (115:116) во нов дуел на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, кој заврши во полза на Словенецот.

Гостите се снајдоа подобро во драматичниот финиш, во кој Фини Смит постигна важна тројка во последната минута, крунисувајќи го одличниот настап со 19 поени. Дончиќ забележал нов трипл-дабл со 22 поени, 12 асистенции и 10 скокови, а најефикасен бил Хардавеј со 29 поени.

На спротивната страна, Јокиќ го завршил дуелот со 19 поени, а најдобар поентер во составот на Денвер бил Гордон со 27 поени.

Донован Мичел постигнал 43 поени, а Кливленд му нанесе пораз на Л.А Лејкерс со резултат 116:102, прекинувајќи ја победничката серија на гостите.

Ентони Дејвис имал проблеми со симптоми на вирусно заболување, па иако се обидел да им помогне на соиграчите, не го довршил ниту првото полувреме и се повлекол во соблекувалната на Лејкерс. Џејмс со 21 поен бил најефикасен во редовите на поразениот тим.

На третиот натпревар одигран утринава, Детроит предводен од Богдановиќ (31 поен) славел на гостувањето кај Мајами со резултат 96:116.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни