НБА
Дончиќ дојде до нов рекорд, Секстон и Осман го расипаа дебито на големата тројка на Бруклин (ВИДЕО)

Доста возбудувања донесоа деветте натпревари во НБА лигата каде одново беа испишани некои нови рекорди, страници во најсилниот кошаркарски шампионат на светот.
Далас Маверикс како гостин славеше над Индијана Пејсер со 124-112, меч во кој Дончиќ дојде до новоисториско остварување. Словенецот реализираше 13 поени, 12 скокови и 12 асистенции со што стана најмладиот играч кој успеал да дојде до бројката од 30 трипл-дабл учиноци.
.@luka7doncic is now the youngest player in @nba history to reach 30 triple-doubles 🪄@ModeloUSA | #ModeloMilestones pic.twitter.com/d5Fx4R0rXK
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) January 21, 2021
Освен него уште петмина играчи на Маверикс беа двоцифрени, а најдобар од нив беше Порзингис со 27 на кои придодаде 13 скокови. Залудни за Индијана беа комбинирнаите 51 поен кои ги уфрлија Брогдон и Сабонис.
Новата голема тројка на Бруклин Нетс, Дурент, Ирвинг и Харден за прв пат заигра против Кливленд, но нивното деби заврши со пораз од Кавалирс во драмата со продолженија со 147-135.
Фантастичниот Секстон веше автор на 42 поени, додека на високо ниво беше и охриѓанецот Осман кој беше активен дури 50 минути за кои даде 25 кошеви, 7 скокови и 7 асистенции.
Кај Нетс кои допрва треба да се склопат, функционираат како тим по големиот трејд, Кајри даде 37, еден повеќе пак имаше Дурент.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Бруклин 147-135 (прод.), Филаделфија – Бостон 117-109, Индијана – Далас 112-124, Атланта – Детроит 123-115 (прод.), Торонто – Мајами 102-111, Минесота – Орландо 96-97, Хјустон – Феникс 103-109, Голден стејт – Сан Антонио 121-99, Л.А. Клиперс – Сакраменто 115-96.

- Италијапред 21 час
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 21 час
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 19 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 22 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 18 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 20 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 18 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 17 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч