Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ добил разочарувачка вест, најавена му е подолга пауза

Објавено

на

Foto:x.com/dallasmavs

Лука Дончиќ веќе имаше проблеми со повреда од почетокот на актуелната НБА сезона, но на дуелот со Минесота заработи нов проблем, кој ќе го оддалечи подолго од терените во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Словенецот се пожали на повреда во финишот на вториот период на дуелот со Минесота од божиќната НБА програма, не се врати во игра до крајот на средбата, а арената ја напуштил на патерици.

Деталните прегледи покажале повреда на листот на левата нога, а Далас објави дека неговата состојба ќе биде контролирана по дури еден месец.

Тоа значи дека Дончиќ ќе пропушти најмалку 15 натпревари на својата екипа и нема да може да конкурира за индивидуалните награди оваа сезона.

На осумте натпревари на кои Лука не играше сезонава, Маверикс имаа шест победи и два пораза.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни