НБА
Дончиќ даде повеќе поени, но Богдановиќ ја доби балканската драма во НБА лигата (Видео)

Во единствениот натпревар кој се играше во НБА лигата рано утрово се сретнаа два тима кои се во ужасна форма, па на крајот истиот се решаваше со драма и продолжение.
Детроит Пистонс ја прекина црната серија од три порази во низа со победата од 131:125, додека Далас на Лука Дончиќ потврди дека е во навистина незавидна ситуација со петтиот пораз на последните шест натпревари.
Дончиќ не може се сам и овојпат недоволни за победа беа неговите 35 поени, 5 скокови и 10 асистенции, бидејќи во Детроит имаше повеќе расположени играчи за надмудрување.
Всушност, Бојан Богдановиќ беше лидер на Детроит и Хрватот успеа да ја добие балканската драма против Дончиќ со неверојатна претстава, во која имаше процент на шут 10 од 14.
Искусниот Богдановиќ погоди и пет тројки од шест обиди, а натпреварот го заврши со 30 поени, 4 скокови и 4 аситенции, но украде и две топки.
LA PERFORMANCE DE LA NUIT 🏀 :
Lors du seul match de la soirée, Bojan Bogdanovic a été époustouflant, malgré la prolongation arrachée par Luka Doncic. Les Detroit Pistons se sont imposés avec un excellent Bogdanovic 😳. pic.twitter.com/STqPHoIUYW
— The Dan Show (@thedan_show_nba) December 2, 2022
-
Светпред 20 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Шпанијапред 21 час
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти