Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ броеше до 45, Кари стигна до рекордни 4.000 тројки во кариерата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Милвоки, но фановите на гостинската екипа ќе го паметат овој дуел по досега најдоброто издание на Лука Дончиќ.

Неодамна пристигнатата ѕвезда реализираше 45 поени, најмногу од кога е член на Лејкерс и тоа со 7 погодени тројки од 13 обиди. Словенецот имал и 11 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки, а најблиску до него бил Ривс со 28 поени.

Адетокумбо со 24 поени и 12 скокови е најзаслужен за победата на Милвоки пред своите фанови.

Стеф Кари го водеше Голден Стејт до убедлива победа над Сакраменто, а во третиот период стигна до бројката од 4.000 тројки во кариерата. НБА ветеранот одамна е рекордер според бројот на постигнати тројки во лигата, а надополнувајќи ја бројката, ја раситни и петтата илјадарка.

Детроит-Вашингтон 125:129
Милвоки-Л.А Лејкерс 126:106
Чикаго-Бруклин 116:110
Њу Орлеанс-Орландо 93:113
Голден Стејт-Сакраменто 130:104

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни