Поврзете се со нас

Европски првенства

Донарума за реакцијата по одбранетиот клучен пенал: Не знаев дека сме европски шампиони (ВИДЕО)

Објавено

на

Италија по вторпат во својата историја дојде до трофејот на Европските првенства, успех во кој голем удел имаше голманот Џанлуиџи Донарума.

Донарума беше одличен низ текот на целиот турнир, а особено беше импресививен во полуфиналето и финалето против Шпанија и Англија каде со своите одбрани во пенал сериите им овозможи на „аѕурите“ да дојдат до врвот во Европа.

Најдобриот италијански голман имаше интересна реакција при одбраната на ударот на Букајо Сака во петтата серија на „Вембли“, тој едноствно беше мирен, додека соиграчите почнаа да ја слават титулата.

Поранешниот член на Милан сега признава дека не бил свесен дека со таа интервенција Италија станала европски првак.

-Не славев затоа што не сфатив дека победивме. Го погледнав судијата, се обидов да разберам дали ВАР даде зелено светли и сфатив дека победивме само кога ги видов моите соиграчи како слават, -вели Џанлуиџи кој во новата сезона ќе го гледаме во ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни