Поврзете се со нас

Европски првенства

Донарума спречи катастрофа за Италија, Шпанија сигурно до билет за осминафиналето на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Репрезентацијата на Шпанија издвојува победа над Италија од 1-0 во дерби средбата од второто коло во Б групата на 17. Европско првенство.

Конечниот резултат дефинитивно не ги отсликува вистинските случувања на теренот каде Шпанците им одржаа вистинска лекција на Италијаните кои беа безопасни низ целиот меч, односно да го немаат расположениот Донарума на голот можеа да доживеат вистински дебакл, катастрофа.

„Црвената фурија“ доминираше, создаваше шанси, ама никако не испеваше да го матира голманот на ПСЖ се до 55 минута кога Калафиори сам ја смести топката во сопствената мрежа.

Со гол разлика 4-0 и освоени 6 бода четата на Де Ла Фуенте официјално обезбеди место во нокаут фазата.

Италија пак во завршното коло игра со Хрватска, меч кој е најава за голема борба и возбуда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни