Поврзете се со нас

Франција

Донарума се огласи по страшната повреда која ја доживеа против Монако (ФОТО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен излезе како победник од дерби пресметката со Монако во Лига 1, но возбудливиот меч со два пресврти и шест погодоци остана во сенка на повредата која ја заработи гостинскиот голман Џанлуџи Донарума.

Италијанскиот голман настрада по еден невнимателен старт на Вилфрид Синго кој едноставно го прегази, му го смени личниот опис затоа што со копачка го удри членот на ПСЖ.

Тој не можеше да го продолжи натпреварот, доби конци на лицето и одреден период нема да му биде на располагање на тренерот Луис Енрике.

-Би сакал да му се извинам на Донарума. Мојот потег очигледно не беше намерен. Дури подоцна видов дека има голема повреда на лицето. Ти посакувам брзо закрепнување, -порача Синго.

Со краток коментар и фотографија се огласи и Џанлуиџи порачувајќи дека се е во ред.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни