Поврзете се со нас

Франција

Донарума се фрлаше во празно, па прими гол со „мангупска штикла“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SB29

ПСЖ направи од готово-вересија и остана без планирани три бода на домашен терен, откако избраниците на Луис Енрике вечерва прокоцкаа предност од два гола на мечот со Брест (2:2).

„Светците“ беа одлично инспирирани од расположените Баркола и Асенсио кои го отворија резултатот со одлична комбинација, а по погодокот на Шпанецот следеше уште еден на Коло Муани пред самиот крај на првиот дел.

Во тие моменти се чинеше дека ПСЖ ќе оствари нова рутинска победа, но работите за комплицираа во вториот дел, особено откако домашните примија смешен гол.

Една рикошет ситуација заврши со урнебесен гол во мрежата на Џиџио Донарума кој се фрлаше во празно додека гледаше како топката завршува во мрежата, а на 10 минути пре крајот Матијас Переира креираше бравура и со пета погоди за 2:2.

На крајот, нервозата си го направи своето и Баркола доби два жолти картони во две минути, па ПСЖ го заврши мечот со 10 играчи на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни