Поврзете се со нас

Франција

Донарума незадоволен во ПСЖ, Раиола почнал да се заканува со брзо заминување

Објавено

на

Додека фудбалската јавност е концентрирана на ситуацијата со Лионел Меси, останувањето на Килијан Мбапе и повредата на Серхио Рамос, во ПСЖ останува како проблематично прашање тоа со изборот на прв голман од тренерот Маурисио Покетино.

Аргентинскиот стручњак има голема доверба во Кејлор Навас и тој добива предност во однос на Џиџио Донарума, но младиот италијански голмен очигледно го губи трпението.

Италијанските медиуми почнаа да пишуваат дека Донарума е незадоволен од својот статус во клубот, а и дека неговиот агент Мино Раиола веќе почнал индиректно да се заканува со брза разделба со францускиот состав.

Донарума дојде како слободен агент во ПСЖ и Французите можат да заработат сериозна сума ако се решат на продажба, но барем засега тоа делува како нереална опција, бидејќи минаа само неколку месеци откако голманот пристигна во Париз.

Голманот на италијанската репрезентација знаел дека нема да биде лесно во новиот предизвик, но не очекувал дека досега ќе има само два настапа, – пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус останува опција, посебно по последните грешки на Војчех Шчесни, па Раиола кој има добри односи со италијанскиот клуб може да се обиде и со позајмување на Донарума во членот на Серија А.

Навас има договор со ПСЖ до 2024 година и нема да се повлече во дуелот со Донарума, па останува Покетино и раководството да ги одредат приоритетите на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни