Поврзете се со нас

Италија

Донарума: Милан е веќе минато, сега…

Објавено

на

Италијанскиот голман, Џанлуиџи Донарума конечно го имаше своето деби во дресот на Пари Сен Жермен и тоа на пресметката против Клермон која неговиот тим ја доби со убедливо, а тој ја сочува недопрена својата мрежа (4-0).

Ова секако е одличен старт за Донарума во новиот клуб за кого вели дека ужива, односно веќе го има заборавено Милан.

-Натпреварот секогаш е посебен, исто така беше одличен резултат. Добро се подготвивме за натпреварот. Им благодарам на навивачите кои ни дадоа неверојатна поддршка. Воодушевен сум од моето деби бидејќи сме силен тим.

-Милан е минато, сега уживам во ПСЖ. Среќен сум тука и тимот добро ме пречека. Се обидуваме да победиме на што е можно повеќе натпревари и да ги израдуваме навивачите бидејќи ни даваат неверојатна поддршка, -истакна Џиџи по средбата.

Потоа тој ги искористи социјалните мрежи и им се заблагодари на навивачите.

-Им благодарам на сите фанови за поддршката на дебито, беше задоволство да се игра пред вас, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни