Поврзете се со нас

Европски првенства

Донарума: Италија оди на три победи во групната фаза

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Италијанската фудбалска репрезентација ќе го брани трофејот од минатото Европско првенство, а иако многумина не ги сметаат „азурите“ за фаворити за триумф на турнирот, тоа не значи дека избраниците на Лучијано Спалети нема да се обидат да ги израдуваат своите фанови.

Голманот Џиџио Донарума денеска бил дел од прес-конференцијата како најава за дуелот со Албанија, па како капитен ги најавил амбициите на Италијанците во Германија.

– Кога доаѓа ваков турнир, енергијата доаѓа природно кај секој од учесниците.

– Духот од пред три години е уште тука и ќе се обидеме да ги повториме тие магични ноќи.

– Албанија ќе биде сериозен предизвик, не смееме да одиграме на 70 или 80 проценти против нив, бидејќи тоа нема да биде доволно за победа. Ако победиме утре, тоа ќе биде важен чекор за пласманот во следната рунда, а нашата крајна цел е да ги добиеме сите три натпревари во групата, – изјавил Донарума.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни