Донарума испрати сигнал за неговата иднина во Милан

donaruma

Младиот Џанлуиџи Донарума на средбата со Наполи ја сочува својата мрежа, а воедно испиша нова страница во историјата на италијанскиот фудбал, односно стана најмладиот играч кој одиграл 100 натпревари во најсилната конкуренција во Италија.

Тоа е само уште еден доказ за тоа каков голман има Милан во своите редови и тоа колку му верува на овој тинејџер, но дали таа љубов и верност ќе биде возвратена од Џиџио останува прашање.

Околу неговата иднина на „Сан Сиро“ секогаш има дилеми и прашања, па дури ни тој самиот не знае дали и во следната кампања ќе биде дел од овој колектив.

-Не знам ништо. Мојот агент ќе работи на тоа со клубот, јас ќе продолжам напред по мојот пат. Не знам дали Пепе Реина (се очекува да го засили Милан) ќе биде моја поткрепа (број два). Тој е одличен голман и ќе продолжи да биде, -истакна Џиџио.

Facebook Коментари