Поврзете се со нас

Лига на нации

Донарума имаше луда тројна интервенција, Италија ќе се бори за трофејот во Лигата на нации (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија излезе како победник од битката со Унгарија (2-0) и ќе се бори за трофејот во Лигата на нации.

На „аѕурите“ им беше потребна победа за да го освојат првото место во групата, цел која успеа да ја осварат со погодоците на Распадори во првото и на Димарко во второто полувреме.

Голема улога во триумфот имаше и голманот Донарума кој фантастично го чуваше својот гол со тоа што најмногу се истакна во 50 минута кога за само неколку секунди имаше три интервенции.

Покрај четата на Манчини пласман на Ф4 турнирот во ова натпреварување обезбедија Хрватска, Холандија, додека последниот патник ќе се бара меѓу Португалија и Шпанија.

Во истата пак група на Италија и Унгарија, Англија и Германија одигра супер меч со шест голови и реми 3-3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни