Лига Европа
Донарума го спаси Милан, Гобељиќ промаши празен гол (Видео)

Црвена Звезда не загуби на ниту еден од двата натпревари против Милан, но оваа вечер не доби награда за херојското издание на „Сан Сиро“ со кое направи Милан да трепери за пласман во осминафиналето и покрај тоа што одново имаше играч повеќе на теренот.
По конечните 2:2 во Белград, Црвена Звезда денеска одново демонстрираше одличен карактер и тимот на Станковиќ може да биде горд на она што го прикажа, бидејќи „росонерите“ треба да бидат среќни и благодарни што на голот го имаа Џиџио Донарума.
Милан поведе со гол од пенал кој го реализираше Кеси, но во продолжение, се беше во знакот на гостите и играчите од Србија беа далеку подиректни и поконкретни во последната третина од теренот. Бен израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел и најави возбудливо второт полувреме, во кое Милан не се наметна како доминатен тим и покрај тоа што на теренот влезе Златан Ибрахимовиќ.
Најдобрата шанса во вторите 45 минути ја имаше Звезда, а тоа се случи во 68-та минута кога најпрво Донарума бравурозно му одбрани чист гол на Саного, по што следеше катастрофален шут од Гобељиќ кој наместо да ја смести топката во празната мрежа, ја испрати топката на трибините.
Две минути после ова, истиот фудбалер заработи црвен картон, но Звезда и натаму не се откажуваше, па создаде една полушанса која Катаи не ја реализираше. На крајот, натпреварот заврши 1:1, резултат кој прави гостите да имаат за што да жалат, а домаќините да бидат среќни што се пласираа во наредната рунда.

- Шпанијапред 13 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 14 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 14 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 15 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 17 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 11 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 12 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити