Поврзете се со нас

Лига на нации

Донарума го обвини судијата за примениот гол во 13. секунда (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Бредли Баркола ја искористи својата брзина за да ја искористи заспаноста во одбраната на Италија и постигна гол за водство по само 13 секунди игра, а мајсторскиот инстинкт на младиот фудбалер сепак не беше доволен за Франција да ги заборави лошите спомени од Европското првенство.

Италија успеа да направи голем пресвр и покрај почетниот удар и на крајот славеше со 1:3, но во моменти кога сите зборуваат за победата на „аѕурите“, Џиџио Донарума откри дека не бил доволно подготвен за игра во моментите кога примил гол.

Голманот на ПСЖ си ги местел ракавиците кога главниот судија означил старт на мечот, па бил буквално фатен во небрано кога неговите соиграчи направија грешка.

Донарума експресно протестираше кај главниот судија и му потенцираше дека не почекал негов знак за да почне мечот, но вината ја префрла и кај соиграчите кои не успеаја да ја задржат топката во првата акција на средбата.

– Да бидам искрен, не бев подготвен за игра. Не ми беа ставени ракавиците како што треба, па побарав од судијата да почека пред да даде знак. Обично тоа го прават сите судии пред да означат старт, но овојпат не беше така. Истовремено, мора да се признае дека почетниот удар беше наш и не бевме доволно паметни за да почекаме да се подготвам, – изјави Донарума.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни