Поврзете се со нас

Лига на нации

Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

„Корнерот од Енфилд Роуд“ е ситуација кога ги прогонува навивачите на Барселона веќе неколку години во Лигата на шампиони, акција во која во главна улога беа Трент Александер Арнолд и Дивок Ориги.

Такво нешто навистина многу ретко се гледа на највисоко фудбалско ниво, но оваа вечер добивме реприза на натпреварот кој се игра во Дортмунд, и тоа во мрежата на Џанлуиџи Донарума.

Германија поведе против Италија со голот на Кимих од белата точка, но токму Јозуа беше играчот кој интелигентно постапи во ситуација кога цела противничка одбрана реши да спие.

Додека Донарума им делеше совети на своите соиграчи да бидат поконцентрирани во одбрана, Кимих забележа дека Мусиала остана осамен пред голот, па едноставно додаде до него и се погрижи да видиме еден од најневеројатните голови во Лигата на нации.

Фудбалерите на Баерн Минхен изведоа корнер акција како онаа на Ливерпул од пред шест години, па истата донесе предност од 2:0 и брзо стана топ тема во јавноста.

Голот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни