Поврзете се со нас

Македонија

Донација за сите клубови: ФФМ започна со најголемата распределба на фудбалски топки

Објавено

на

Фудбалската Федерација на Македонија започна со најголемата донација на топки во историјата на нашата земја, па така сите клубови кои се дел од ФФМ ќе добијат рамноправна распределба во наредните неколку дена.

Станува збор за вкупно 15 илјади фудбалски топки со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”, а покрај клубовите од првата и втората македонската прва лига, дел од донацијата се и клубовите од третите лиги, младинските конкуренции и женската фудбалска лига.

Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од прва и втора македонска фудбалска лигам, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги.

Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.

Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни