Поврзете се со нас

Англија

Домот на новиот премиерлигаш во прв план: Малиот стадион на Лутон стана хит во Англија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LutonTown

Лутон победи на пенали против Конветри во големото финале на „Вембли“ и оствари историски пласман во Премиер лигата, натпреварување во кое нема учествувано откако истото се ребрендираше во 1992-ра година.

Интересно, Лутон последен пат бил дел од елитата во англискиот фудбал токму пред да се промени името на Првата лига, а 31 година подоцна, се враќа во најважното друштво во голем стил.

Тимот кој играше аматерски фудбал во 2014-та година направи огромен скок во доста краток период, но приказната станува уште поубаво поради малиот стадион кој изгледа како детско катче во споредба со елитните стадиони во Премиер лигата.

„Кенилворт Роуд“ стана вирален хит во Англија поради својот изглед и капацитетот од само 10 илјади гледачи, а влезот во Премиер лигата значи дека ќе мора да претрпи и доста големи промени до стартот на сезоната.

Стадионот на Лутон во моментов не ги исполнува стандардите на Премиер лигата и ќе мора да се издвојат сериозни финансиски средства за реновирање и модернизирање, нешто што дефинитивно нема да биде голем проблем по заработката од 180 милиони фунти од победата во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни