Поврзете се со нас

Англија

Доминантниот Челси го преслуша Тотенхем во лондонската пресметка (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Челси му одржаа лекција на Тотенхем во вечерашната дерби пресметка во Премиер лигата.

Избраниците на Томас Тухел одиграа пред се фантастично второ полувреме во кое противникот едноставно не можеше да мрдна и сосема заслужено обезбедија три бода со триумфот од 3-0.

„Сините“ тргнаа моќно во вториот дел и веќе до 57 минута имаа водство од 2-0 за кое се погрижија ветеранот Силва и големиот борец Канте кој по паузата влезе на местото на Маунт. Во останатииот дел имаше само еден тим на теренот и тоа Челси кој пропушти неколку добри можност за поубедлив резултат за да во 92 минута Ридигер на асистенција на Вернер го постави конечниот резултат.

Челси со 13 бода е на делба на врвот заедно со Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни