Поврзете се со нас

АТП

Доминантна претстава во финалето: Наследникот на Надал ја освои првата АТП титула (ВИДЕО)

Објавено

на

Додека Олимписките Игри се во центарот на вниманието истовремено во Европа и низ светот се играат тениски турнири, а на еден од нив беше испишана историја и тоа од страна на талентираниот Карлос Алкарез.

Шпанскиот тинејџер успеа да ја освои својата прва АТП титула и тоа во Умаг (Хрватска) каде во големото финале му одржа лекција на ветеранот Ришар Гаске. Алкарез кој има само 18 години славеше со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-2 со што само потврди, покажа дека пред него е светла иднина ако продолжи напорно да работи и го исполни потенцијалот.

Карлос во кого многумина гледааат наследник на Рафаел Надал стана најмладиот шампион на оваа сцена по Кеи Нишикори кој победи на Делреј Бич во 2008 година.

Со точно 18 години, 2 месеци и 20 денови, Алкараз е само осум дена постар од Надал, односно од моментот кога популарниот Рафа го освои својот прв трофеј во Сопот во 2004 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни